Утрински Весник
Македонија

Индијец починал во паркот Жена борец

Brza Pomos.jpeg

На 07.06.2026 во 22:20 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во паркот „Жена борец” во Скопје имало починато лице. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека починатото лице е Х.Р.Г.(79) од Индија.

Извршен е разговор со Т.М.Л.(43) од Индија, кој изјавил дека додека двајцата се движеле, одеднаш Х.Р.Г. паднал, по што тој повикал Итна медицинска помош. Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на судска медицина за обдукција. 


Можете да прочитате

Возач на трактор загинал кај Градско

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, уапсени четири лица

Медиумите нѐ информираат или нѐ насочуваат како да размислуваме?