Индија и Русија ќе ја истражуваат можноста за користење на нови транспортни коридори како што се Северниот морски пат и Источниот поморски коридор меѓу Владивосток и Ченаи за да ја прошират поморската соработка, соопшти индиската влада.
Индискиот министер за пристаништа, превоз и водни патишта Сарбананда Соновала и рускиот министер за далечен исток и развој на Арктикот А.О. Чекунков за ова се договориле на состанокот во Владивосток. Њу Делхи и Москва се блиски со децении, а Индија одбива да ја осуди Русија за нејзината агресија врз Украина.
Наместо тоа, руско-индиската трговија се искачи на рекордно ниво, главно поттикната од зголемувањето на индискиот увоз на руска нафта.
Двете земји, на истиот состанок, се договорија и да обучуваат индиски морнари во поларните и арктичките води во рускиот институт за поморска обука опремен со симулатори.
„Остануваме посветени на одржување силни врски (со Русија) и охрабрување на стратешката соработка во различни сектори“, се вели во соопштението на Соновал.
Чекунков рече дека Русија има намера „да ги развива односите со индиските партнери на Далечниот исток во сите области од заемен интерес“.