Утрински Весник
Свет

Индија и Пакистан најавија директни преговори

20250512091009 big 730x400 81.webp.webp

Командантите на воените операции на Индија и на Пакистан денеска ќе разговараат за следните чекори откако беше постигнато примирје на границата на двете нуклеарни сили.

По почетното прекршување на примирјето, индиската армија претходно соопшти дека синоќа немало никакви инциденти.


Примирјето во Кашмир пред два дена го најави американскиот претседател Доналд Трамп по четиридневните меѓусебни напади, дипломатија и притисок од Вашингтон.

Исламабад му се заблагодари на Вашингтон за олеснување на прекин ан огнот и ја поздрави понудата на Трамп за посредување во спорот со Индија за Кашмир. Но, Њу Делхи не го коментираше учеството на САД во примирјето. Индија тврди дека споровите со соседите треба директно да се решаваат, а не со посредство на трета страна.

Можете да прочитате

Масовни апсења деца во Европа, планирале терористички напади врз концертни сали и верски објекти

Првпат во историјата светот ја сака Кина повеќе од САД: Трамп е помалку популарен од Путин

Најмалку десет жртви во израелски напад врз училиште во Газа