Утрински Весник
Свет

Индија го нападна Пакистан по смртоносен напад во Кашмир

Img 8774.jpeg

Индиската влада вечерва потврди дека нејзините сили спровеле воена операција на вкупно девет локации во Пакистан и пакистанскиот дел на Кашмир. Операцијата, наречена „Синдор“, имала за цел, како што се наведува, „терористички објекти од кои биле планирани и извршени напади врз Индија“.

„Нашите акции беа насочени, измерени и не ескалираа по природа. Ниту една пакистанска воена база не беше цел на нападот. Индија покажа значителна воздржаност во изборот на цели и начинот на спроведување на операцијата“, се вели во соопштението на индиската влада.


Според властите во Њу Делхи, нападите биле одговор на минатомесечниот смртоносен напад врз туристи во индискиот дел на Кашмир. Индија го обвинува Пакистан за поддршка на прекуграничниот тероризам – обвинување што Исламабад остро го негира.

Можете да прочитате

Русите вечерва треба да соопштат кој ќе оди на преговори во Турција

Трамп: Сè уште размислувам дали ќе присуствувам на преговорите за Украина во Турција

Колумбија се приклучува кон кинеската иницијатива „Појас и пат“