Утрински Весник
Македонија

Има уште двајца пациенти кои се во тешка состојба и се лекуваат во странство, но засега се стабилни

Bolnica Srbija 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за здравство денес информираше дека согласно информации од Воено Медицинска Академија во Белград денеска претпладне, за жал, на повредите им подлегна Стојанче Стефанов, уште еден од повредените од трагедијата во Кочани, роден 2001 година. За жал има уште двајца пациенти кои се во тешка состојба и се лекуваат во странство, но засега се стабилни.

Стефанов е пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинска Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец.


Станува збор за пациент со 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад.

Во ВМА е опериран на 4 април и поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира крвта преку машина, заради вдишаниот чад. Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба.

„Пациентот поради тежината на повредите на белодробието и опекотините на кожата, одлучивме да го транспортираме во Воено-медицинската академија. Оттаму добивме информација дека бил во критична состојба и на механичка вентилација. Влошувањето настанува во раните саати, пациентот им подлегнал на повредите во 11:15 часот. Комбинирани се тие повреди, изгореници од втор степен, но и сериозни опекотини на дишните патишта“, рече проф. д-р Андријан Карталов.

Можете да прочитате

МетеоАларм најава за студен и влажен бран кој носи дождови и снегови

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови

Работењето на ТИТАН Усје е под 24-часовен независен мониторинг, велат од компанија