Утрински Весник
Магазин

Илон Маск се соочува со бурни реакции поради ажурирањето на политиката за содржина на X за возрасни

D0b8d0bbd0bed0bd D0bcd0b0d181d0ba D19cd0b5 D0bfd0bbd0b0d182d0b8 D0bdd0b0d0b4 11 D0bcd0b8d0bbd0b8d198d0b0d180d0b4d0b8 D0b4d0bed0bbd0b0 63d440eb2b53a.jpeg
Dik 300x250 mk

Икс на Илон Маск, поранешен „Твитер“, ја ажурираше својата политика за да дозволи, како што ја нарекува, „консензуално произведена и дистрибуирана“ содржина за возрасни на платформата, потег што предизвика критики на социјалните мрежи дека ќе му наштети на корисничкото искуство, пишуваат американските медиуми.

На X платформата стои „ние веруваме дека корисниците треба да можат да создаваат, дистрибуираат и консумираат материјал поврзан со сексуални теми сè додека е консензуално произведен и дистрибуиран“.

„Веруваме во автономијата на возрасните да се вклучат и да создаваат содржини што ги одразуваат нивните сопствени верувања, желби и искуства, вклучително и оние поврзани со сексуалноста. Ја балансираме оваа слобода со ограничување на изложеноста на содржини за возрасни за децата или возрасни корисници кои одлучуваат да не ја гледаат та содржина“.

Овој потег предизвика некои критики за платформата, вклучително и за самиот X.

„Мразам да го кажам тоа, но тој некако ја уништи оваа платформа. Ја претвора во ‘само фанови’. Дури се нарекува и X“, објави Касандра Мекдоналд, мислејќи на Маск, на платформата.

„Само фанови“ е платформа базирана на претплата каде што корисниците можат да објавуваат содржини за возрасни што ги споделуваат со претплатниците.

Платформата истакна дека ќе ја ограничи содржината за возрасни со предупредување пред корисниците да можат да пристапат до неа. Тоа ќе бара оние кои објавуваат на платформата да ги променат своите поставки за да дозволат такви предупредувања.

Можете да прочитате

Ова е најомразениот знак во хороскопот – и тоа поради неколку особини

Два чаја кои e најдобро да се пијат наутро за детоксикација и полесно слабеење

Премногу витамини можат да убијат: Лекарите предупредуваат дека тие го оштетуваат срцето и црниот дроб