Утрински Весник
Спорт

Илон Маск сака да го купи Ливерпул

Img 0772.jpeg

Таткото на американскиот милијардер Илон Маск, Ерол Маск, изјави дека неговиот син е заинтересиран да го купи англискиот фудбалски клуб Ливерпул, пренесе денеска АП.

Ливерпул, кој е под сопственост на Fenway Sports Group (FSG) од 2010 година, би можел да стане нов проект за извршниот директор на Тесла.


„Илон е заинтересиран за Ливерпул,“ изјави Ерол Маск во интервју за Тајмс радио.

Челниците на клубот засега не ја коментираат оваа информација. Ливерпул моментално се наоѓа на врвот на табелата во Премиер лигата, со 46 бодови од 19 одиграни натпревари.

Можете да прочитате

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години

Успешен старт на Ѓорческа во Лајпциг