Утрински Весник
Македонија

Илиевски: Реакциите за издавањето на лични документи беа оркестрирани, гужви има и сега, но никој не реагира

Bobi Ilievski.png

„Проблемот со пасошите не се реши и идентичен е и сега. Објавив на социјалните мрежи дека гужвите се сега дури и поголеми, но тоа не го покриваат телевизиите со национална фрекфенција“ рече поранешниот новинар Боби Илиевски во утринската програма на Слободен печат.

Тој додаде дека очиглено беше дека има недостатоци во системот за вадење на лични документи, но и дека целата ситуација беше злоупотребена за камапања.

„Гужвите и сега се идентични. Идентично се чека, а нема реакции“ рече Илиевски.

Тој додаде дека за критика е што луѓето не може да добијат документи и што системот потфрли, но, според Илиевски, очигледно е дека реакциите во јавноста пред неколку месеци биле оркестрирани.

Можете да прочитате

Сончево време со мала до умерена локална облачност

Полициска акција во Скопје – пронајдени пет килограми марихуана кај татко и син

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница