Утрински Весник
Македонија

Илиевски: Партизација во ЈПДП- Трајановски и ДПМНЕ назначиле шеф на патарините со бројни злоупотреби зад себе

Img 5259.jpeg

Прес-конференција на СДСМ, Менде Илиевски, советник во Советот на Општина Битола

Денеска откриваме скандал со брутална партизација во ЈП Државни патишта од страна на Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ.

Истрошениот кадар на ДПМНЕ, Коце Трајановски наместо да ги средува патиштата единствено се занимава со бркање и прераспределување на професионалците од ЈП и инсталирање на партиски војници.

Дури ниту прописите, ниту законите не важат за Трајановски и ДПМНЕ.

Одиме по ред.

За шеф на контрола на Наплатната служба на патарините во Петровец, Трајановски и ДПМНЕ го назначуваат Миланчо Митревски.

Митревски е познат по изречени казни по дисциплински постапки за злоупотреба на службената положба.

Еве го документот – Решение за дисциплинска постапка. Митревски во неколку наврати наплаќал повеќе пари од патарина на граѓаните кои поминувале преку наплатните рампи и вишокот го земал за себе.

Од 20 до 200 денари, но и евра, Митревски наплаќал повеќе а парите си ги задржувал за себе. Тоа народски се вика грабеж.

Е сега замислете, човек што бил фатен со малверзации на работно месо, како зема пари на наплатна рампа за себе Трајановски и ДПМНЕ го назначуваат за шеф на контрола.

Како тој ќе ги контрoлира инкасантите и ќе ги „лови“оние што прават злоупотреби кога самиот правел злоупотреби.

Согласно прописите и одредбите на ЈПДП Митревски не ги исполнува условите да биде шеф на контрола.

Ова е брутална партизација и поставување несоодветни кадри на одговорни позиции.

Но, Миланчо Митревски е очигледно партиски подобен и тоа што е сопруг на советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ во Oпштина Велес, Бети Митревска.

Дали ВМРО ДПНЕ преку вакви шеми планира да испумпува пари од граѓаните кои после или ќе завршуваат во нечии џебови или во партијата?

Бараме Коце Трајановски веднаш да го разреши Митревски и да избере професионален, чесен и соодветен кадар за ова работно место.

Можете да прочитате

Вицепремиерот Фетаи добил закани за животот на електронската пошта

Мемеди објави табела за претходните години: Тврди стапката на смртност на Детската клиника била три пати поголема

Почина поранешниот функционер од редовите на ДУИ, Тахир Хани