Утрински Весник
Свет

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

20221114025121 big 730x400 2.webp.webp

Илјадници вработени во лондонското метро денеска  почнаа серија штрајкови поради платите и условите за работа, а синдикатот за железница, поморство и транспорт соопшти дека членовите, вклучувајќи ги машиновозачите, сигналистите и работниците за одржување, ќе учествуваат во штрајкови во различни периоди до четврток.

Транзитниот оператор „Транспорт за Лондон“ објави дека имало прекин во системот за испорака на услуги и дека се очекува малку или воопшто да нема возови да сообраќаат од понеделник до четврток .


Компанијата вели дека им понудила на вработените зголемување на платите од 3,4 проценти, но синдикатот се уште инсистира на намалување на работната недела од 35 часа на 32 часа, што компанијата вели дека не може да си го дозволи.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови