Утрински Весник
Свет

Илјадници Израелци маршираа по автопатот кон Ерусалим, стигнаа до резиденцијата на Нетанјаху

Izrael.jpg

Маршот на илјадници Израелци кои бараат ослободување на заложниците од Газа денеска стигна во Ерусалим, додека преговарачите се подготвуваат за продолжување на преговорите во Каиро, кои би вклучиле договор за размена на заложници и заробеници со Хамас. Колона демонстранти, предводени од семејствата на заложниците киднапирани од милитантите за време на смртоносниот упад на Хамас во јужен Израел на 7 октомври, пристигнаа по автопат во Ерусалим. Носејќи израелски знамиња, жолти балони и транспаренти со лицата на заложниците, тие го завршија четиридневниот марш што почна на едно од местата на нападите во октомври, а им се придружија и други демонстранти на собирот пред резиденцијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху. „Маршираме за да им дадеме поддршка на семејствата на киднапираните, со желба тие наскоро да бидат ослободени и да бидат безбедни. Се молиме за нив со секој наш чекор“, изјави Дени Куперман, еден од демонстрантите. Мировните преговори за Газа треба да продолжат во недела во Каиро. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека се надева оти ќе се постигне прекин на огнот за време на муслиманскиот пост Рамазан, кој почнува на 10 март. Десетици заложници би можеле да бидат ослободени доколку се постигне договор.

Можете да прочитате

Мелони: Новите трошоци за НАТО се прифатливи Италија

Нисан затвора седум фабрики, 20.000 луѓе остануваат без работа

Пилотите на авионите што го бомбардираа Иран летале 37 часа без прекин