Утрински Весник
Свет

Илјадници Американци протестираа против плановите на републиканците за ново прекројување на изборните единици

20250817101848 big 730x400 52.webp.webp

Илјадници луѓе протестираа против политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, откако организаторите повикаа на протести во околу 300 градови под мотото „Fight the Trump Takeover“ („Спротивстави се на преземaњето на Трамп“).

Еден од најголемите собири се одржа во Остин, главниот град на јужната сојузна држава Тексас, каде локалните медиуми јавија дека се собрале околу 5.000 демонстранти, главно против планот на републиканците за ново прекројување на изборните единици.


Протестите се поврзани со рамнотежата на силите во американскиот Конгрес, кој се состои од два дома – Претставничкиот дом и Сенатот. Републиканската партија моментално има тесно мнозинство во двата дома.

Во пресрет на конгресните избори во 2026 година, републиканците планираат да прекројат неколку изборни окрузи во Тексас во своја корист, што би можело да влијае врз контролата на Претставничкиот дом.

Оваа практика, позната како „џеримандеринг“, историски била користена и од двете партии за да се обезбедат систематски изборни предности.

Според податоците на „Crowd Consortium“ при Харвард универзитетот, протестите против Трамп во вториот мандат се многу пообемни отколку за време на првиот. Во јуни, демонстрациите под слоганот „No Kings“ („Нема кралеви“) собраа неколку милиони учесници низ целата земја, што беше оценето како едни од најмасовните протести во историјата на САД. 

Можете да прочитате

Тројца загинати и осуммина повредени во престрелка во ноќен клуб во Њујорк

„Ер Канада“ од вечерва започнува со постепено обновување на летовите по штрајкот на кабинскиот персонал

Виткоф: Путин за првпат се согласи на безбедносни гаранции за Украина