Утрински Весник
Свет

Ихнат: Нема да можеме да ја браниме Украина со Ф-16 оваа есен и зима

Данските воздухопловни сили пресретнаа два руски бомбардери: „Летаа кон територија на НАТО“

Украина нема да може да користи борбени авиони Ф-16 од САД оваа есен и зима, изјави портпаролот на воздухопловните сили Јуриј Ихнат за украинската телевизија доцна во средата.

dobivaj vesti na viber

„Веќе е очигледно дека нема да можеме да ги одбраниме украинските борбени авиони Ф-16 во текот на оваа есен и зима“, рече Ихнат на заедничкиот телетон што го пренесуваат украинските канали.

Американскиот претседател Џо Бајден во мај одобри програма за обука на украинските пилоти за Ф-16, но засега не е дадено време за испорака на воените авиони.

„Имавме големи надежи за овој авион, дека ќе стане дел од противвоздушната одбрана, способна да не заштити од рускиот тероризам на ракети и беспилотни летала“, рече Ихнат.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking