Утрински Весник
Спорт

„Играчот Варан почна да го гуши човекот Варан“

„Играчот Варан почна да го гуши човекот Варан“

Рафаел Варан, во четвртокот, ја шокираше Франција со одлуката дека повеќе нема да игра за националниот тим. 29.годишникот требаше да биде новиот капитен на репрезентацијата, откако по Светското првенство голманот Иго Љорис замина во репрезентативна пензија.

dobivaj vesti na viber

Варан со Франција беше светски првак во 2018 година, а во декември минатата година играше во финалето на Мундијалот, но „триколорите“ не успеаја да ја одбранат титулата.

„Дадов се што можев, физички и психички. Сепак, највисокото ниво на фудбалот е како машина за перење, играш цело време и никогаш не запираш“, изјави Варан за францускиот „Канал плус“.

„Распоредот ни е полн и играме нон-стоп. Во овој момент се чувствувам како да се гушам, играчот Варан почна да го гуши човекот Варан“.

Варан за Франција дебитираше во 2013 година. Финалниот меч против Аргентина на СП во Катар беше негов 93. во националниот тим.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами