Утрински Весник
Спорт

Играч на Реал е пред трансфер во Рома

Играч на Реал е пред трансфер во Рома
Dik 300x250 mk

Рома, во зимскиот преоден рок, ќе се засили со десен бек. Жозе Мурињо мора да ја поплни позицијата на која играше Рик Карсдорп. Холанѓанецот ќе го напушти Рим откако Мурињо му порача дека за него повеќе нема место во Рома.

dobivaj vesti na viber

Според италијанските медиуми, Рома ќе се засили со играчот на Реал Мадрид, Алваро Одриозола. Овие извори тврдат дека прашање на време кога ќе биде реализиран трансферот.

Десниот бек на „кралскиот клуб“ сезонава нема одиграно ниту една минута за Реал Мадрид, а неговата моментална цена е пет милиони евра. Одриозола се пресели во Реал од Сосиедад во летото 2018 година за 32 милиони евра. Никогаш не успеа да се избори за стандарно место во тимот на Реал. Минатата сезона тој ја мина на позајмица во Фиорентина.

Клубот од „Артемио Франки“ имаше намера да го задрши во своите редови, но не успеа да се договори со Реал околу оштетата.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата