Утрински Весник
Магазин

Идрис Елба откри кој највеќе танцувал на забавата по венчавката на принцот Хари и Меган

Идрис Елба откри кој највеќе танцувал на забавата по венчавката на принцот Хари и Меган
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Откако принцот Хари и Меган Маркл се венчаа на 19 мај 2018 година, младенците продолжија со веселбата на поинтимен вечерна забава во Фрогмор Хаус со околу 200 свои гости.

dobivaj vesti na viber

Пријателите и семејството ја поминаа цела ноќ на подиумот за танцување, благодарение на актерот добитник на „Златен глобус“ Идрис Елба, кој создаде одлична атмосфера и беше успешен во улогата на диџеј.

Неодамна, во интервју за „Ентертејнмент тунајт Канада“, славниот актер се наврати на приликата што се пружа еднаш во животот – да бирате музика на специјалниот ден на кралска двојка – и откри кој бил најдобар танчер на ноќта.

„Меган владееше на подиумот и целосно се препушти,“ рече тој.

„Беше спонтана и, едноставно многу се забавуваше. Тоа беше нејзина венчавка, така што најубаво си помина и тоа го покажа на подиумот за танцување,“ рече актерот.

Меган не била единствената која уживала. Извор изјави за „Пипл“ дека Елба ја донел енергијата како диџеј, па славните гости од А-листата не можеле да престанат да танцуваат. „Тоа беше голема забава, сите се опуштија и беа добро расположени.“

Можете да прочитате

Четири хороскопски знаци што најчесто ги нервираат другите

Хуманитарна новогодишна изложба на олдтајмер клубот ВМ Класик во Џевахир Мол

Млада Месечина во Стрелец на 19 декември: Што ги очекува хороскопските знаци?