Утрински Весник
Свет

ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц

Idf lofo x.jpg

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во денешниот нападот значително е оштетени иранскиот објект за збогатување ураниум во Натанц.

Според ИДФ, постројката за збогатување ураниум во Фродо, како и нуклеарните објекти во Исфахан и Бушеир не биле цел на напади.


ИДФ тврди дека при нападот врз Натанц уништен е подземниот дел, каде биле сместени центрифуги, електрични простории и друга придружна инфраструктура.

Според ИДФ во нападот е уништена и критична инфраструктура за унапредување на проектот за нуклеарно оружје на иранскиот режим.

Нападите, исто така, уништија „критична инфраструктура што овозможува продолжување на операцијата на локацијата и унапредување на проектот за нуклеарно оружје на иранскиот режим“.

Иранските власти соопштија дека при израелскиот напад „оштетени се неколку делови“ од Натанц, но оти не е зголемено нивото на радијација.

Можете да прочитате

Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат

Во Украина ќе биде испратена воена опрема вредна милијарди долари, најави Трамп

Британија троши 850 милиони фунти за преселување на Авганистанци по истекување на податоци