Утрински Весник
Свет

Идентификувана најмладата жртва досега во пожарот во Кран-Монтана

Pozar.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Идентификувана е најмладата жртва во пожарот во Швајцарија, станува збор за 14 годишно девојче. Швајцарските експерти досега идентификуваа 24 од 40-те лица кои загинаа во пожарот во барот за време на Нова година во швајцарскиот алпски центар Кран-Монтана

Многу од жртвите се малолетници, меѓу кои Швајцарци и Италијанци, како и еден италијанско-емиратски државјанин. Меѓу досега идентификуваните се и 18-годишен Романец, 18-годишен Турчин и Французин на возраст од 39 години.

Меѓу 119-те повредени има повеќе од 70 Швајцарци, како и Французи, Италијанци, Срби и мал број припадници на други националности, пренесе ДПА.

Според досегашната истрага, новогодишниот пожар во барот во швајцарскиот скијачки центар бил предизвикан од прскалки кои ја запалиле пената на таванот.

Можете да прочитате

Идентификувани сите 40 жртви од пожарот во барот во Кран Монтана

Фредериксен: САД да не испраќаат закани кон своите историски сојузници за Гренланд

Трамп не верува дека Украина нападнала една од резиденциите на Путин