Утрински Весник
Македонија

И крилото на Села бара предвремени избори

Ash 2.jpg


Интегрален текст од соопштение за јавност на Алијанса за Албанците:

Алијансата за Албанците е подготвена и оценуваме дека на земјава и се потребни предвремени парламентарни избори, по кои победничките сили ќе треба да седнат на маса и да ги решат сите предизвици и политичкиот ќорсокак што ја загрозува иднината на државата и нејзините граѓани.

Со жалење ги следиме позициите на нелегитимната коалиција ВЛЕН кои се плашат од изборите дури и додека се дел од Владата и за апсурд се единствената политичка групација на која ситуацијата им изгледа нормална, додека сите други субјекти ја искажат потребата за предвремена избори заедно со локални избори.

Ве повикуваме да не ја држите иднината на граѓаните во заложништво поради личните желби за власт. Бидејќи тоа е нивниот единствен проблем, ви кажуваме дека немаме ништо против тие да влезат во заедничката листа со ВМРО, бидејќи и така оваа партија ги третира како маргинален дел од нив, а не како партнер. Ова нема да им биде прв пат, бидејќи во минатото беа на заеднички листи со СДСМ, а сега истото можат да го направат и со ВМРО.

Можете да прочитате

Одложена одлуката за Законот за јазиците, Костадиновски уверува дека нема да дозволи судот да биде уценуван

Петрушевски: ДУИ е повторно поразена, креираа атмосфера на етнички тензии за да ги заштити криминалците како Груби од одговорност

Сѐ уште трае распитот на Васко Стефанов во Кривичен