Утрински Весник
Магазин

Џиџи Хадид го нарече Канје Вест насилник и шега

Џиџи Хадид го нарече Канје Вест насилник и шега

Џиџи Хадид застана во одбрана на модната новинарка на „Вог“, Габриел Карефа-Џонсон, откако Канје Вест се исмеа со стилскиот избор на Габриел како одговор на нејзините критики за контроверзните дуксери со натпис White Lives Matter на грбот, а со ликот на папата Павле напред, кои раперот ги промовира на Модната ревија во Париз.

dobivaj vesti na viber

Коментирајќи на една од објавите на Канје на „Инстаграм“ на сметка на новинарката, 27-годишната Џиџи напиша: „Посакуваш да имаш еден процент од нејзиниот интелект. Немаш поим, хаха… Ако има каква било поента во твоите с*ања, Габриел можеби е единствената личност што може да те спаси“.

Во коментарот Џиџи додаде: дали „честа“ да бидеш поканет на твоја ревија треба да спречи некој да го каже своето мислење? Лул. „Ти си насилник и шега“.

Таа подоцна спорот го префрли на сопствената инстаграм-приказна критикувајќи го раперот „за незрело насилничко однесување“ предупредувајќи на опасноста од тоа постојано да добива платформа за да ги објавува неговите контроверзни ставови.

„Се трудев да не одвојувам време за тој човек, но јавното малтретирање на некој што ја критикува твојата работа на твојата масивна платформа за мене е уште едно ниво на смешно. Ако не можеш да ги поднесеш критиките, особено паметните, нијансирани и љубезни критики што ГКЏ ги даде по вчерашната ревија, тогаш немој да ги покажуваш твоите работи во јавност.“

„Ова е незрело однесување на насилници. Тоа е однесување кое сите го овозможивме со продолжување да се занимаваме со веб-сообраќај од  чиста љубопитност или што и да е. Доста е. Не е паметно. Не е интересно, туку е опасно.“

Џиџи се огласи откога Канје објави фотографија од Габриел на својот инстаграм-профил, на која модната новинарка носи здолниште со пруги, жолта графичка маица, сомотско палто во комбинација со кафеави чизми, сина чанта од „Баленсијага“, очила за сонце и дебел ѓердан.

Во описот на објавата Канје напиша: „Ова не е модна личност. Ти најде да зборуваш за Канје…“

Понатаму, во друга објава на истата тема тој повторно ја исмеа Габриел: „Знам дека Ана ги мрази овие чизми“ алудирајќи на славната главна уредничка на „Вог“, Ана Винтур.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста