Утрински Весник
Македонија

И Богоев демантира дека ја напуштил седницата на ИО на СДСМ

Bogoevinterv u24 3.jpeg

По портпаролот Дарко Каевски, пред малку и потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев објави демант на пишувањата на одредени медиуми, дека тој незадоволен од листите за пратеници ја напуштил седницата на Извршниот одбор на СДСМ.

„Ова не е точно воопшто! Јас сум бил во СДСМ против режимот на ДПМНЕ кога беше најтешко, тука сум и сега, ќе останам и во иднина! Барам Курир да го објави во целост овој демант“ објави Богоев на социјалните мрежи.

Денеска, СДСМ одржува Конгрес на кој треба да се потврдат листите за пратеници за претстојните парламентарни избори, а носителите во сите шест изборни единици се веќе познати.

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Пожар кај Психијатриската болница „Скопје“, ситуацијата е стабилизирана