Утрински Весник
Економија

Хуманитарна ИТ трка во организација на СОС ДЕТСКО СЕЛО

Хуманитарна ИТ трка во организација на СОС ДЕТСКО СЕЛО
Ss2

IT4Charity 2022 движењето продолжи со Хуманитарна ИТ трка оваа година.

dobivaj vesti na viber

Проектот почна на 20 мај, а завршува на 25 септември со голема трка.

Ss1

СОС ДЕТСКО СЕЛО е оранизатор на првата хуманитарна ИТ трка која ќе се одржи во Скопје на 25 Септември 2022 година.

На хуманитарната ТРКА учествуваат единствено ИТ компании кои преку финансиски донации за поддршка на работата на СОС Детско село овозможуваат нивните вработени да бидат дел од овој настан.

Трката почнува на 25 септември, недела во 09.00 часот, на вело патеката на Кеј кај хотелот Александар Палас, а ќе заврши во Ново Лисиче, кај Парк Авионче околу 12 часот.

На финишот ќе се одржи 1 часовен настан кој што има за цел да ги зближи учесниците и нивните семејства кои се бидат поканети да ги пречекаат заедно со децата и младинците поддржани од СОС Детско село.

На самата локација на платото на Парк Авионче организаторот СОС Детско село ќе постави уникатни реквизити за спортски и забавни активности во кои ќе можат да уживаат сите посетители под мотото настан за семејството.

 

 

Донаторскиот проект на ИТ компаниите “IT 4 Charity 2022’ оваа година ги обедини сите вработени во Tech индустријата преку трката во две категории велосипеди и трчање.

Се приклучија 15 ИТ компании и 120 вработени ќе учествуваат во недела и тоа вработените од: Slice, Valtech, EmbedSocial, CodeIT, OneInside, Cognism, CapCargo Challenger, Symphony, IT labs, Bright Marbles, Axapta Masters, Semos Cloud, Furious Avocado, Mima IT Services, на кои сме неизмерно горди и благодарни.

Благодарност и до сите подржувачи на настанот кој ни помогнаа во организација на трката.

 

Овој проект и партнерство има големо значење за СОС Детско село, бидејќи иновативните соработки со ИТ компаниите ќе придонесат за стабилност и континуитет на работата на организацијата за

· обезбедување топол дом и љубов за децата без родителска грижа поддржани од СОС Детско село

· за поддршка на деца во ризик да не останат без своето семејство

· за осамостојување на младите во социјален ризик.

Ни останаа да собереме заеднички уште 5.000 ЕУР за остварување на целта од 30.000 ЕУР на овој проект

Сметки за донации

НЛБ Банка 210-0552173401-87

Шпаркасе Банка 250-1010002868-04

Ss1

Можете да прочитате

Доделување грантови од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање