Утрински Весник
Балкан

Хрватскиот Парламент се распушта во четврток, избори во април или мај

Unnamed.jpg

Утрово на коалициската средба е договорено парламентот да се распушти во четврток на 14 март, објави премиерот Андреј Пленковиќ.

Пред распуштањето на парламентот ќе биде усвоен нов пакет мерки кои се однесуваат на цените на струјата и гасот.

-На сите ќе им обезбедиме мирно лето и време за формирање на ново мнозинство и влада“, рече тој.

Пленковиќ претходно најави дека Парламентот ќе се распушти најдоцна на 22 март и дека изборите за 11-то собрание ќе се одржат пред изборите за Европскиот парламент.

Одлуката за распишување избори ја носи претседателот на Републиката, а од денот на влегувањето во сила на одлуката до денот на изборот треба да поминат најмалку 30, а не повеќе од 60 дена.

Најраната недела за избори е 14 април. Избори може да се одржат и на 21 април, 28 април, 5 мај и 12 мај. Кога точно ќе се одржат, одлучува претседателот на републиката Зоран Милановиќ, кој го свикува парламентот на првата седница.

Можете да прочитате

Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор

Семејно насилство во Белград: ја злоставувал мајка си, па и држел нож на грло

Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград