Утрински Весник
Свет

Хрватската полиција фати мажи кои поставувале експлозивни направи низ Риека

Хрватската полиција фати мажи кои поставувале експлозивни направи низ Риека
Ss2

Хрватската полиција уапсила луѓе кои ги поврзуваат со серија експлозивни направи поставени во областа Риека, од кои последната експлодирала синоќа.

dobivaj vesti na viber

Синоќа, околу половина час по полноќ, непозната направа експлодирала кај Пеќине во Риека, при што се уапсени две лица, хрватски и германски државјанин, кои се осомничени дека ја наместиле, извести полицијата, пренесе „Јутарњи лист“.

Ss1

Непосредно пред експлозијата, околу полноќ, полициските службеници ги пронашле осомничените пред трговскиот центар во Кострена кај Риека, каде оставиле експлозивна направа. Осомничените со себе имале и трета експлозивна направа.

Полицијата го поврзува осомниченото дуо со експлозијата на 21 мај кај Вежица во Риека, кога пред тамошниот трговски центар се случи експлозија. Оштетено беше стаклото на вратата од трговскиот центар, но немаше повредени.

Истрагата на местата на синоќешните настани е во тек, како и кривичната истрага за утврдување на сите факти и околности, заклучија од Полициската управа Приморје-Горски Котар.

Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ им честиташе на полициските службеници за нивната професионална и ефикасна работа во откривање и апсење на лица поврзани со серија експлозивни направи поставени во областа на Риека.

Нивната посветеност на работата е гарант за безбедноста на граѓаните и заштитата на јавниот ред и мир“, напиша Божиновиќ на Твитер.

Ss1

Можете да прочитате

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа

Бајден со задоволство ќе учествува на дебата со Трамп

Израел го извести Египет дека дава „последна шанса“ да го реши прашањето за заложниците