Утрински Весник
Балкан

Хрватска со закон го врати задолжителниот воен рок

Hrvatska 1.webp.webp
Dik 300x250 mk

Парламентот на Хрватска со 84 гласови „за“, 30 – „воздржани“ и 11 „против“ денеска ги изгласаа измените на Законот за одбрана и служба во вооружените сили, со што е овозможено повторно воведување на задолжителен воен рок од почетокот на идната година.

Задолжителната воена служба во Хрватска беше укината во 2008 година, а оттогаш се отслужуваше само доброволно, но имаше мал интерес.


Измените на законот предвидуваат дека задолжителниот воен рок да трае два месеци, а на тие што служат ќе им се исплаќа државата месечна нето-плата од 1.100 евра и службата ќе се смета за стаж.

Воениот рок ќе биде задолжителен за мажите од 19 до 30 години. Жените се ослободени од задолжителна воена служба, но можат да аплицираат за доброволна служба.

Лицата кои го отслужиле воениот рок ќе имаат приоритет при вработување во органите на државната и локалната администрација, доколку имаат исти услови како и другите кандидати.

Законот предвидува цивилна воена служба за оние кои изразуваат приговор на совеста, во Цивилната заштита на Министерството за внатрешни работи или во локалните единици во нивното место на живеење. Обуката преку Цивилната заштита би траела три месеци континуирано, секој ден, а служењето во локалните единици на должности за противпожарна и цивилна заштита, управување со животната средина или одржување на јавни патишта – четири месеци односно пет работни дена од по осум часа.

Тие кои ќе се одлучат за цивилна служба ќе добијат помал надомест, а одлуката за ова ќе ја донесе Владата.

Можете да прочитате

Ковачев: Македонците веќе се во ЕУ – 216.000 граѓани имаат бугарски пасоши

Жељазков: Имаме еден месец да одлучиме за иднината на рафинеријата Лукоил

Вучиќ: Се води хибридна војна против Србија, постојат шанси за влез во ЕУ до 2030 година, но проблемот е Косово