Утрински Весник
Свет

Хрватска ги осуди руските референдуми во Украина: „Тие се лажни и незаконски“

Хрватска ги осуди руските референдуми во Украина: „Тие се лажни и незаконски“

Министерството за надворешни работи на Хрватска објави соопштение за руските референдуми на истокот на Украина со кои Путин анектираше четири региони.

dobivaj vesti na viber

„ Република Хрватска најостро ги осудува нелегалните и лажни референдуми одржани меѓу 23 и 27 септември 2022 година во четири украински региони, како и денешната одлука за пристапување на тие региони кон Руската Федерација.

Република Хрватска ја осудува одлуката на Руската Федерација да ги интегрира украинските региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје во својот состав, сметајќи ја за грубо кршење на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина и меѓународното право и Повелбата на ОН.

Република Хрватска ја смета гореспоменатата одлука за нелегитимна, незаконска и како таква правно неважечка и не ги признава нејзините политички и правни последици. Заедно со другите земји од ЕУ и сојузничките држави, Република Хрватска ќе продолжи да ја дава сета потребна поддршка на Украина во реинтеграцијата на моментално окупираните области и обновувањето на уставниот и правниот поредок во меѓународно признатите граници“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме