Утрински Весник
Магазин

Хороскоп за 24 март: Шанса за љубов за Близнаците, нервоза за Скорпијата

1707894725 45ef21b2 D442 4261 A6dd 9edd7b73003d.jpeg
Ss2

ОВЕН

Не сметајте на тоа дека ќе можете да го постигнете планираното. Другите луѓе сега се претставуваат како пречка, бидејќи нивните постапки ќе ве доведат во некои сосема неочекувани ситуации. Сепак, тоа не значи дека ќе бидете нерасположени. Доста стимулативен ден.

Ss1

БИК

Денот е исклучително добар за воведување позитивни промени и иновации во вашиот живот. Не мора да биде нешто големо, но сигурно ќе ве расположи. Не сте сигурни како да се позиционирате кон личноста која ве привлекува, се двоумите да го направите потегот.

БЛИЗНАЦИТЕ

Нагласеното поле на желби и дружење треба првенствено да ве насочи кон она што го сакате во емотивниот сегмент. Направете добра атмосфера, поканете некој близок или кој и да е привлечен за вас. До крајот на денот очекувајте позитивно расположение и големи љубовни шанси.

РАК

Ќе бидете најмногу ангажирани околу вашиот партнер или околу вашето домаќинство, луѓето што ги сакате. Заедно, можете да направите промени во вашиот животен простор или барем добро да се забавувате подготвувајќи деликатеси и убави закуски. Добро расположение и интимност.

ЛАВ

Некои работи беспотребно создаваат притисок и ве оптоваруваат денес. Не е време да бидете негативно расположени и на лош начин да ги набљудувате случувањата околу вас. Можете да свртите се во ваша корист доколку сте позитивни и спремни да промените нешто.

ДЕВИЦА

Најдобро ќе биде да посветите време на вашето семејство и на оние кои ви се најблиски. Поканете ги вашите пријатели да се дружат, да ручаат заедно или да уживате во добро друштво и забава. Во емотивниот сегмент, денес можете да направите промена – покажете и на саканата личност колку се грижите за неа.

ВАГА

Обидете се да не го поминете овој ден дома, бидејќи веројатно ќе го преспиете. Искористете ја добрата енергија со која сте опкружени денес за да излезете надвор, да бидете во контакт со другите – да се забавувате и да поминете време. Можеби вашиот партнер ќе има премалку време за сите ваши планови, но вие ќе се вклопите.

СКОРПИЈА

Во првиот дел од денот ќе бидете доста окупирани со некои ваши мисли, можеби и малку ќе се изнервирате, но не дозволувајте сето ова да ви ги расипе плановите. Најдете време за вашата сакана личост.

СТРЕЛЕЦ

Сигурно е дека ќе имате планови на многу страни и ќе мора да направите добра организација за да го постигнете сето она што го сакате. Не заборавајте да најдете време и за вашата сакана, бидејќи е одлично време за дополнително поврзување и постигнување поголема блискост.

ЈАРЕЦ

Би можеле да направите добар план и да поминете време со луѓе кои ви се блиски надвор од куќата, во излетничко место, на прошетка во природа. Поентата е околу себе да соберете позитивни луѓе кои ќе ви го подобрат расположението и ќе ве опуштат со својата енергија.

ВОДОЛИЈА

Денес сте добро и оптимистично расположени и имате одлични идеи за дружење со луѓето што ги сакате. Кога сте во контакт со другите, ширите позитивна енергија. Можности за нови познанства, а ако имате сакана личност – многу постимулативна и отворена комуникација.

РИБА

Можеби вашите планови требаше да ве одведат во еден правец, но повеќе од сигурно е дека ќе настанат промени и одеднаш ќе се најдете во сосема поинаква средина. Ви претстои ден полн со настани и ќе бидете опкружени со луѓе кои стимулативно и добро делуваат на вас.

Ss1

Можете да прочитате

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август