Холивудската актерка Дејлис Кари почина среде ужасните шумски пожари во Лос Анџелес, а судскиот вештак потврди дека нејзиното тело е пронајдено.
Посмртните останки на 95-годишната актерка, за жал, беа лоцирани во нејзиниот уништен дом во Алтадена среде разорниот пожар Итон, потврди судскиот вештак во неделата.
Дејлис – која во своето семејство беше позната како мама Д – се појавуваше во филмовите „Браќата Блуз“, „Десетте заповеди“ и други, во текот на годините.
Нејзината внука ја оставила во нејзиниот дом на полноќ во вторникот по долг ден прегледи во болница, и таа заминала – но, за жал, другиот ден беше потврдено дека 95-годишната Кари починала.
Кога се разбудила утрото, Кели видела дека снемало струја во куќата на нејзината баба и се упатила кон областа Алтадеана. Еден службеник ѝ рекол: „Жал ми е што имотот на баба ти го нема. Целосно изгоре“.
Полицаецот ѝ предложил да оди во Граѓанскиот центар во Пасадена, каде што биле испратени жители кои биле раселени поради пожарот. Во петокот, Кели била однесена во домот на нејзината баба, пишува Mirror UK.
„Тоа беше тотално уништување. Сè беше изгорено освен нејзиниот син „кадилак“, се сеќава таа. Меѓутоа, потврдено е дека нејзината баба починала. Во неделата, кога потрагата сè уште беше во тек, Кели изјави дека „сè уште се моли за чудо“. Таа рече: „Искрено, не се надеваме дека таа сè уште е тука со нас“.
Додека сè уште се трагаше по Дејлис Кари, нејзината внука и оддаде почит. Таа изјави за KABC: „Нашите души болат, нашите срца се скршени. Таа ја сакаше Алтадена. Нема никој што го сакаше тој град повеќе од баба ми. Таа сметаше дека само што почнала да живее, знаев дека ќе живее над 100 години. Таа сè уште сакаше да излегува, сакаше да најде сопруг … Тие треба да се справат подобро со системот за итни случаи бидејќи постои заедница која е постара“.
„Има многу пензионери таму и не можеме да се потпреме само на мобилниот телефон, бидејќи постарите луѓе навистина не се занимаваат со мобилни телефони. Тие не ги користат. Тоа не е единствениот начин на кој треба да ги известуваме луѓето кога има наредби за евакуација“.
Таа додаде: „А зошто тоа не се случи порано? Зошто ми беше дозволено да имам пристап до нејзиниот дом на полноќ и да немам никакви предупредувања за опасност? На автопатот немаше ниту еден знак кој вели: „Ова е зона за евакуација“.
Лори Бимер-Вилкинсон додаде: „Таа едноставно го сакаше животот, а на 95 години беше сè уште многу активна. Неверојатна баба. Се чувствував толку привилегирана што ја познавам оваа жена и што ја имам како баба“.