Утрински Весник
Спорт

Холанѓаните пристојно ја намачија Норвешка, високи победи за Хрватска и Србија

Холанѓаните пристојно ја намачија Норвешка, високи победи за Хрватска и Србија

Норвешка го обезбеди првото место во групата Ф во првата фаза на Светското првенство во Полска и Шведска, откако мораше да направи камбек во второто полувреме за тесна 27:26 победа над Холандија. Србија и Хрватска пак, стигнаа до убедливи победи за да пренесат по два поени во втората фаза на Мундијалот.

dobivaj vesti na viber

Холандија, која претходно убедливо ја совлада и македонската репрезентација, покажа дека е сосема сериозна репрезентација, откако на полувреме имаа четири гола предност (17:13) против еден од фаворитите за медал. Норвежаните, полека ја „стопија“ оваа предност, за да поведат со 21:20 и потоа во интересна завршница да ја заддржат оваа предност. Сандер Сагосен заврши со седум гола, Бартолд додаде четири за Норвешка, додека Кеј Смитс имаше седум гола за „оранје“.

Србија, пак стигна до доминантна 34:24 победа над Катар за да обезбеди втора фаза, каде што ги очекуваат мечеви токму со Норвешка, Холандија и Аргентина. Хрватска, која започна лошо со шокантен пораз од Египет, ја заврши првата фаза со 36:24 победа над Мароко, за во втората фаза да игра со Данска, Тунис и Белгија.

СП РАКОМЕТ ПОЛСКА/ШВЕДСКА
ГРУПА Е
Алжир – Германија 21:37 (9:16)
Катар – Србија 24:34 (14:17)
ГРУПА Ф
Македонија – Аргентина 26:35 (11:18)
Холандија – Норвешка 26:27 (17:13)
ГРУПА Г
Египет – САД 35:16 (19:7)
Хрватска – Мароко 36:24 (15:13)
ГРУПА Х
Белгија – Бахреин 28:30 (12:15)
Тунис – Данска 21:34 (14:19)

Можете да прочитате

Мбапе заминува од ПСЖ за четири пати помала плата

Алонсо со критики кон тимот и покрај крајниот успех против Вест Хем

Милан и со играч повеќе немоќен во Рим, Баер ја продолжи серијата без пораз, Ливерпул елиминиран