Утрински Весник
Скопје

Хоџа на еко-акција на Матка: Чистата природа мора да стане наш стандард, а не реткост

3 1.jpg

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се приклучи на волонтерите во голема акција за чистење на локалитетот Матка, едно од најзначајните природни богатства во земјава.

За време на акцијата, министерот истакна дека институциите забрзано работат на системски решенија, но дека клучот за долгорочен успех лежи во личната одговорност на секој поединец.


„Денес спроведуваме акција со која го собираме отпадот но главната цел е да испратиме порака – крајно време е одговорноста кон природата да ни стане навика. Како Министерство, инвестираме во зелена инфраструктура, но силата е во сите нас како граѓани. Чистата природа треба да ни биде стандард, а не реткост,” истакна министерот.

Министерството упатува благодарност за соработката и поддршката до Општина Сарај, колективните постапувачи за управување со отпад и до сите волонтери кои со својот личен пример денеска покажаа како се чува животната средина.

Оваа акција е дел од пошироките заложби за заштита на природните вредности и поттикнување на еколошката свест кај граѓаните.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост