Утрински Весник
Свет

Хили: Распоредувањето британски војници во Украина би значело крај на војната 

20260222174607 big 730x400 23.webp.webp

Министерот за одбрана на Велика Британија Џон Хили изјави дека сака да распореди британски војници во Украина, оценувајќи оти таквиот потег „би го означил крајот на руската војна“, која оваа недела ја одбележува својата четврта годишнина, пренесува Анадолија.

– Нема поголем товар за ниту еден министер за одбрана или за која било влада од ангажирањето на нашите вооружени сили во операции. Сакам да бидам министерот за одбрана кој ќе распореди британски војници во Украина – бидејќи тоа ќе значи дека оваа војна конечно ќе заврши. Тоа ќе значи дека преговаравме за мир во Украина. А на безбедна Европа ѝ е потребна силна, суверена Украина, вели Хили во колумна за „Сандеј Телеграф“.


Европските лидери, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција, Германија и осум други земји, разговараат за формирање „коалиција на волните“ со поддршка на САД.

Според Хили, групата би можела „да помогне во обновата на украинските сили, обезбедувањето на украинскиот воздушен простор и зајакнувањето на поморската безбедност, вклучително и преку дејствување во Украина“.

Британската влада работи со сојузниците за воспоставување на оваа коалиција, за која се надева дека ќе ја одврати идната „руска агресија“ откако ќе се постигне договор меѓу Москва и Киев.

Во декември, европските лидери најавија дека Европа е подготвена да предводи „мултинационални сили“ во Украина како дел од мировниот договор подготвен од САД.

Можете да прочитате

Картелска одмазда ја тресе државата – Хаос во Мексико!

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор

Бразил не сака нова Студена војна, изјави претседателот Лула да Силва