Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Хезоња: Да сум тука, и јас би врескал против Реал Мадрид

Хезоња: Да сум тука, и јас би врескал против Реал Мадрид
Img 7972

Кошаркарите на Реал Мадрид го совладаа Партизан во третиот натпревар од плеј-офот со 82:80 и ја продолжија серијата, па четвртиот натпревар во серија ќе се игра утре.

dobivaj vesti na viber

За разлика од натпреварите во Мадрид, кога навивачите на Партизан го поздравуваа Марио Хезоња, овојпат Хрватот беше исвиркан на загревањето, како и сите други играчи на Реал, а најлошо помина Џанан Муса, кој беше жестоко навредуван.

„Цел свет знае каква ќе биде атмосферата овде. Овде се едни од најдобрите навивачи во светот. Ние сме во ситуацијата во која се наоѓаме, сите знаевме каков ќе биде пречекот, но капа долу на сите, немаше серизен проблем. Луѓето го поддржуваат својот клуб. Јас да сум тука, исто така би сакал да врескам против Реал Мадрид. Имавме премногу грешки на почетокот, ќе треба да видиме на тренинг како да се поправиме за натпреварот в четврток и да се обидеме повторно да победиме“, изјави Марио Хезоња.

Можете да прочитате

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!