Утрински Весник
Свет

Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро

20250615064912 big 730x400 76.webp.webp

Израелскиот претседател Ицак Херцог изрази жалење за Израелците убиени во иранските ракетни напади во текот на ноќта, опишувајќи го како „многу тажно и тешко утро“.

„Нашите сестри и браќа беа убиени и повредени синоќа во криминалните ирански напади врз цивилното население во Бат Јам, Тамра и други заедници. Евреи и Арапи, долгогодишни граѓани и нови доселеници, вклучувајќи деца и постари лица, жени и мажи“, напиша Херцог во објава на платформата Икс.


„Ja споделувам големата тага на семејствата и жалам поради ужасната загуба. Се молам за закрепнување на повредените и за пронаоѓање на исчезнатите. Ќе жалиме заедно. Ќе надминеме заедно“, порача израелскиот претседател.

Според медиумските извештаи, најмалку осум лица загинаа, а десетици се повредени во серија напади што погодија станбена зграда во Бат Јам, во близина на Тел Авив, и дом во северниот град Тамра. Во Бат Јам продолжува потрагата по околу 20 исчезнати лица. 

Можете да прочитате

Околу 1.000 мигранти исчезнале во морето по циклонот Хари

Продажбата на пиво во Германија опаѓа, младите бараат алтернативи

Унгарија ја тужи ЕУ поради забраната на увоз на руски гас