Утрински Весник
Македонија

Хеликоптери на АРМ и МВР помагаат во гасењето на шумскиот пожар кај кочанското село Главовица

Pozhar 8.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Два хеликоптера на АРМ и МВР, заедно со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Кочани учествуваат  во гасењето на шумскиот пожар во атарот на селото Главовица, на Осоговските Планини.

Огнот што бил забележан вчера попладне, во текот на ноќта се проширил на поголема површина, а поради непристапноста на теренот тешко оди локализирањето и гасењето.

– На терен се три наши противпожарни екипи со исто толку возила, а рано утрово ни се придружија и хеликоптерите, во обид да ја пресечеме линијата на огнот што се движи кон повисоките делови на планината. Зафатена е површина од над 50 хектари, главно со нискостеблести растенија, но изгорена е и повеќегодишна дабова шума. Поддршка со едно возило и една екипа добивме и од колегите од Македонска Каменица, како и од Доброволното противпожарно друштво – Кочани и од јавното претпријатие „Национални шуми“, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

Најверојатна причина за пожарот кај Главовица е човечкиот фактор и покрај забраната за движење во шума. 

Можете да прочитате

Му упаднал во домот го нападнал и ограбил, уапсен охриѓанец

(Видео) Диви свињи забележани како шетаат низ населбата Водно

Државата е заштитена со закон и Устав, а не со осветената вода на свештеникот, реагираат од ДУИ