Утрински Весник
Магазин

Хари и Меган треба да се појават пред судија во граѓанска тужба

Хари и Меган треба да се појават пред судија во граѓанска тужба

Војводата и војвотката од Сасекс ќе бидат сослушани во рамки на американскиот случај за клевета што го покрена полусестрата на Меган.

dobivaj vesti na viber

Ова доаѓа откако судијата го отфрли предлогот за недавање искази во граѓанската тужба.

Саманта Маркл покрена тужба против Меган по интервјуто на кралската двојка кај Опра Винфри во 2021 годинаво, а во тужбата  ја обвинува за клевета и навредливи лаги.

Таа тврди дека била наклеветена кога Меган „лажно и злонамерно рекла дека е единка“.

Во тогашното интервју кај Винфри, парот разговараше за нивните семејства, кралскиот живот и менталното здравје.

Во поднесокот до судот, полусестрата на војвотката ја обвинува за „демонстративно лажни и злонамерни изјави пред светската публика“.

Овој случај доаѓа по објавувањето на мемоарите на принцот Хари објавени пред еден месец, и документарната серија во продукција на „Нетфликс“, која почна да се емитува минатата година.

Можете да прочитате

Трет Toп Ган: Том Круз повторно ќе го глуми Маверик

Принцот Хари наскоро патува во Британија, а овојпат со него би можела да биде и Меган

Синот на Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс тргна по стапките на славните родители