Утрински Весник
Македонија

Хаос во Скопје: Со автомобил неколку пати намерно удрил во мотоциклист

Motor motociklist soobrakjajka.jpg

На 23.06.2026 во 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Рилски Конгрес” во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „пежо” со скопски регистарски ознаки удрило во мотоцикл управуван од Г.Н.(29) од скопско, кој паднал од ударот, а откако се подигнал, според пријавеното, возачот на возилото „пежо” го придвижил возилото и неколку пати удрил во мотоциклот, како и во патничко возило „цитроен” со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.О.(44).

Потоа, според пријавеното,  Г.Н. се фатил за предната врата на возилото „пежо”, но тоа продолжило да се движи и да го влече неколку метри, по што Г.Н. паднал, а лицето со возилото го напуштило местото на настанот. Г.Н. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Можете да прочитате

МВР распиша централна и меѓународна потерница по Ива Михаилова

ДЕСЕТ ДЕНА НЕМА ТРАГА ОД ЈАНИЦА: Семејството моли за помош, 38-годишната жена исчезнала 

Тошковски: Ива Михајлова нелегално избегала во Бугарија, се подготвува меѓународна потерница!