Утрински Весник
Спорт

Хаос во дербито – Лесор му удри бокс на Петрушев

Хаос во дербито – Лесор му удри бокс на Петрушев

Кошаркарите на Партизан надополнија -14 на полувремето против Црвена Звезда и победија со 92:81 во дербито од 21. коло од АБА лигата. Натпреварот го одбележа тепачката на играчите на двете водечки екипи во лигата веднаш по последниот звук на сирената на мечот одигран во Белград пред повеќе од 17.000 гледачи.

dobivaj vesti na viber

По натпреварот, играчот на Партизан, Матијас Лесорт, влезе во физичка пресметка со Филип Петрушев, со кого имаше вербални дуели и во текот на натпреварот. Лесор најпрвин го оттурна Петрушев, а потоа го удри со тупаница по лицето.

Играчите спречија поголем инцидент.

Инаку, Лесор беше најдобар поединец на натпреварот со 27 поени и осум скока. Факундо Кампацо постигна 21 поен за Звезда.

Можете да прочитате

Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Чави и да не се премисли останува во Барселона