Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Хансен се врати на тренинзите, нема да игра до крајот на сезоната

Хансен се врати на тренинзите, нема да игра до крајот на сезоната
Img 7972

Микел Хансен, еден од најдобрите ракометари на денешницата, почна да тренира откако во февруари годинава престана да игра поради стрес, соопшти неговиот клуб Алборг.

dobivaj vesti na viber

По Светското првенство во ракомет, каде неговиот тим го освои златниот медал, Данецот се пријавил во клубот со симптоми на стрес, по што му беше одредена пауза и неопределено отсуство.

Хансен минатата година се врати во родната Данска од ПСЖ, откако помина 10 години во францускиот клуб.

„Поминав низ тежок психолошки период во кој, за среќа, имав голема поддршка од моето семејство, пријателите, експертите и клубот. Сега сум на место каде повторно имам енергија и можам да се фокусирам на враќање на спортот што го сакам“, изјави Микел Хансен.

Во пролетта 2022 година, Микел Хансен имаше згрутчување на крвта во белите дробови што настана како резултат на операција на коленото на ракометарот, а експертите сметаат дека тоа, меѓу другото, е и една од причините за лошата здравствена состојба на Хансен.

Најавата за враќање на Микел Хансен ги израдува челниците на Данската ракометна асоцијација, како и спортскиот директор Мортен Хенриксен, кој потенцира дека враќањето на Хансен на тренинзите е одлична вест за ракометниот свет.

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион