Утрински Весник
Скопје

Соседска дружба за пример: Цртан филм и маскота ги собраа семејствата во Џевахир во Аеродром

33a38797 81a9 4033 bcb6 30635e75e2a1.jpeg

Убава семејна атмосфера вечерва во комплексот Џевахир Скај Сити во скопската општина Аеродром. Станарите самоиницијативно организираа заедничко гледање цртан филм на отворено, а настанот привлече голем број деца и родители.

Просторот меѓу кулите за една вечер се претвори во мало кино под отворено небо. Најмладите, со перничиња и прекривки, се сместија пред големото платно и заедно уживаа во цртаниот филм, додека родителите се дружеа во непосредна близина.

Дополнително изненадување за децата беше и маскотата, која се дружеше и фотографираше со најмладите и придонесе за веселата атмосфера.

Настанот беше можност соседите да поминат заедничка вечер надвор од своите домови, а децата да се дружат и забавуваат во просторот околу комплексот.

Можете да прочитате

Филипче за Барутана: На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ

Герасимовски: Среќен почеток за најмладите ученици, првачињата од Центар ја дадоа свечената заклетва

Тезгите на Бит пазар одат во историјата