Утрински Весник
Спорт

Хамилтон и Окон ќе стартуваат од боксот на Големата награда на Азербејџан

20240915105602 Big 730x400 54.webp.webp

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон и Естебан Окон од Алпин ќе стартуваат од боксот поради промена на моторот на трката за Големата награда на Азербејџан во Формула 1, објавено е денеска на официјалната веб-страница на натпреварувањето.

Хамилтон вчерашните официјални квалификации ги заврши на седмото место, но поради промената на погонската единица ќе мора да стартува од боксот. Окон го зазеде последното, 19. место во квалификациите.

Од првата позиција ќе стартува возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Можете да прочитате

Кенијката Нгетич постави светски рекорд во полумаратон

Почина легендата на Работнички, Томче Филиповски

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица