Утрински Весник
Свет

Хамас и Израел постигнаа договор за ослободување на палестинските затвореници

20250226072916 Big 730x400 38.webp.webp

Хамас соопшти дека постигнал договор со Израел за истовремено ослободување на повеќе од 600 палестински затвореници и враќање на телата на четворица израелски заложници.

„Решението е ослободување на палестинските затвореници истовремено со телата на израелските заложници убиени во првата фаза од прекинот на огнот“, соопшти исламистичката милитантна група.


Хамас објави дека неговата делегација, предводена од шефот на групата Калил Ал-Хаја, ја повторила својата посветеност на договорот за прекин на огнот „со сите фази и клаузули“.

„Тие (палестинските затвореници) ќе бидат ослободени истовремено со телата на израелските затвореници (заложници) за кои се согласија да бидат предадени во првата фаза“, објави Хамас.

Израел во саботата го одложи ослободувањето на 620 Палестинци бидејќи Хамас на понижувачки начин ги ослободуваше израелските заложници.

Првата фаза од договорот за прекин на огнот, започната со поддршка на САД и помош на египетските и катарските посредници на 19 јануари, треба да заврши во сабота.

Досега 29 израелски заложници и петмина Тајланѓани се ослободени во замена за стотици палестински затвореници.

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, би можел да пристигне во регионот оваа недела за да се обиде да обезбеди продолжување на кревкиот прекин на огнот постигнат по 15 месеци војна.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: ЕУ не ги менува своите цели за заштита на животната средина

Лавров: Раселувањето на Палестинците од Појасот Газа само ќе подметне темпирана бомба во палестинско-израелските односи

Трамп укина правило старо речиси 100 години – тој ќе одлучува кој од новинарите ќе ја следи неговата работа во Белата куќа