Утрински Весник
Скопје

Халкбанк со нова филијала во Џевахир Мол

Evahir.jpg

Халкбанк АД Скопје отвори нова филијала во рамките на трговскиот центар Џевахир Мол, кој беше отворен изминатиот викенд во Скопје. Филијалата се наоѓа во приземјето на трговскиот центар, а работното време е од понеделник до сабота, од 10 до 18 часот.

Во новата филијала ќе бидат достапни сите производи и услуги за физички лица на Халкбанк АД Скопје (платен промет во земјата и странство, електронско банкарство, кредитирање, штедни влогови, брз трансфер на пари преку Western Union, издавање VISA и Mastercard платежни картички и сл.), ќе се презентираат и сите новини кои што банката постојано ги воведува на пазарот, и пред сè, ќе се градат блиски и квалитетни релации со сите постоечки и нови клиенти.

Халкбанк постојано ја проширува својата мрежа на филијали, со што го зголемува бројот на вработени. Со својата присутност низ градовите во државата, преку отварањето на нови филијали Халкбанк АД Скопје се повеќе се приближува до потребите на граѓаните, правејќи уште еден чекор понапред кон достигнувањето на својата цел, да биде што поблиску до своите клиенти и квалитетно да им одговори на секојдневните банкарски потреби на граѓаните и на стопанствениците.

Можете да прочитате

И тоа го има: Преку ноќ му го урнале објектот за да градат зграда

ЈП Лајка: Граѓаните да не оставаат мали кучиња пред нашиот објект

Утре делови од една скопска општина без вода