Утрински Весник
Магазин

Хали Бери возврати на коментар дека објавува голотија за да привлече внимание

Хали Бери возврати на коментар дека објавува голотија за да привлече внимание

Хали Бери му возврати на корисник на „Твитер“ кој ја прозва актерката дека позира гола бидејќи е желна за внимание.

dobivaj vesti na viber

Во саботата, Бери на својот Инстаграм-профил сподели фотографија на која пие вино на балкон гола со натпис: „Го правам она што сакам да го правам. Среќна сабота“.

Но, додека фотографијата на Бери собра бројни лајкови на „Инстаграм“ и „Твитер“, антифеминистот Шадаја Најт ја оспори нејзината одлука за ваков потег.

„Замислете дека сте во 50-тите години, а сѐ уште објавувате голи фотографии желни за внимание во менопауза кога би требало да кулирате со внуците. Достоинствено стареење повеќе не постои“, твитна Најт над фотографијата што Бери ја објави на „Инстаграм“.

 

Откако контроверзниот антифеминст на социјалните мрежи ја обвини дека објавува голи фотографии во менопауза, ѕвездата на „Икс-мен“ духовито возврати: „Дали знаете дека срцето на морското ракчe се наоѓа во неговата глава?“

Нејзиниот твит наиде на позитивни реакции на фановите, кои ја пофалија актерката и изразија целосна поддршка.

Бери често споделува фотографии на своите платформи на социјалните мрежи, а неодамна го прослави 15. роденден на својата ќерка Нала со ретки снимки од тинејџерката.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста