Утрински Весник
Свет

Хакери упаднале на веб-страницата на полска новинска агенција и објавиле лажна вест за испраќање 200.000 војници во Украина

13 Hakeri 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Хакери упаднаа во сервисот на полската новинска агенција ПАП и објавија лажна вест дека од 1 јули во Полска, според одлуката на Владата, ќе започне делумната мобилизација на 200.000 Полјаци кои ќе бидат испратени во Украина, што агенцијата веднаш негираше.

– Најавата за мобилизација не е точна. Почнавме истрага. Сè упатува на сајбер напад и планирани дезинформации – изјави на интернет Кшиштоф Гавковски, вицепремиер и министер за дигитализација во полската влада.

Портпаролот на координаторот на министерот за разузнавачки служби Јацек Добжињски изјави дека Агенцијата за национална безбедност соработува со Министерството за дигитализација во расветлувањето на веројатниот руски сајбер напад врз ПАП и објавувањето на веста за делумна мобилизација во Полска.

– На 1 јули 2024 година ќе започне делумна мобилизација во Полска. Околу 200.000 полски граѓани, поранешни војници и цивили, ќе бидат повикани во војска. Сите мобилизирани ќе бидат испратени во Украина – ова се лажни вести кои попладнето се појавија во сервисот ПАП.

Можете да прочитате

САД повторно пресретнаа брод кај брегот на Венецуела

Сан Франциско постепено ја враќа струјата по големиот прекин

Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија