Утрински Весник
Свет

Хагари: ИДФ има докази дека Иран го финансира Хамас

Hagari E1697280159781.webp.webp

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека пронашле докази дека Иран ги финансирал огромниот систем на тунели под Појасот Газа на исламистичката организација Хамас.

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека војници откриле документи за финансиски трансфери во периодот од 2014 до 2020 година во вкупна вредност од над 150 милиони долари од Иран до Хамас и до лидерот на исламистичката група во Појасот Газа, Јахја Синвар.

– Ова е уште еден пример за тоа како Иран извезува терор на Блискиот Исток. Теророт што Иран го извезува и произведува е глобален проблем, истакна Хагари.

Израелската армија објави фотографии од неколку документи, како и фотографии од коверти и пари, но информациите не можат да бидат независно проверени.

По Исламската револуција во 1979 година, Иран го прогласи Израел за непријател.

Заедно со другите милиции како Хезболах во Либан и бунтовниците Хути во Јемен, Хамас е дел од така наречената оска на отпорот, мрежа на групи кои се борат против Израел и добиваат финансиска и материјална поддршка од Техеран.

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре