Утрински Весник
Магазин

Хју Грант го доби својот ден на суд против весникот на Мардок

Хју Грант го доби својот ден на суд против весникот на Мардок

Тврдењата на британскиот актер Хју Грант дека новинари на „Сан“ користеле приватни истражители за да го прислушуваат неговиот телефон и да ја ограбат неговата куќа може да одат на судење, но неговите наводи за пресретнување на говорната пошта се изнесени предоцна, пресуди Високиот суд во Лондон.

dobivaj vesti na viber

Грант, заедно синот на кралот Чарлс, принцот Хари, го тужи „Њуз груп нузпејперс“ (НГН) на Руперт Мардок за широко распространето наводно незаконско собирање информации за кои Грант тврди дека биле извршени во име на неговиот таблоид, „Сан“.

Судијата Тимоти Фенкорт во писмената одлука прецизира дека наводите на Грант за следење на говорната пошта – односно хакирање на телефонот – се надвор од шестгодишното временско ограничување за правна постапка.

Но, судијата нагласи дека прашањето дали наводите на Грант – за прислушување фиксни телефони, благирање, кражба и инструкции до приватни истражители да направата нешто од ова – биле донесени предоцна мора да се утврди на судење што треба да се одржи во јануари 2024 година.

А Грант рече: „Задоволен сум што мојот случај ќе му биде дозволено да оди на судење, и тоа е она што отсекогаш сум го сакал – затоа што е неопходно вистината да излезе на виделина за активностите на ‘Сан’.“

„Како што јасно покажува мојот случај, наводите одат многу пошироко и подлабоко од пресретнување говорна пошта,“ додде тој.

Повеќето медиуми ја објавија веста со наслов „Всушност, судење“ алудирајќи на божиќниот класик „Всушност, љубов“ (Love Actually) во која глуми Грант.

Можете да прочитате

„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили

Воз во Јапонија задоцнил 17 минути

Пет тајни за подобро здравје, подолг живот и младешки изглед