Утрински Весник
Спорт

Гвардиола му се „закани“ на Реал: Сега нѐ делат само 13 трофеи во ЛШ, ќе ги стигнеме

Гвардиола му се „закани“ на Реал: Сега нѐ делат само 13 трофеи во ЛШ, ќе ги стигнеме

Манчестер Сити освои тројна круна оваа сезона, бидејќи ја одбрани титулата во Премиерлигата и го освои ФА Купот, а синоќа во Истанбул го крена и пехарот во Лигата на шампионите. Така стана вториот англиски клуб што го сторил тоа, по Манчестер Јунајтед во 1999 година.

dobivaj vesti na viber

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, на прес-конференцијата по натпреварот одговараше на прашања на новинарите и истакна дека овој успех не значи дека клубот ќе запре.

„Дали тоа менува нешто? Дали сум попаметен? Дали сум подобар тренер? Што ако Едерсон не го одбранеше тој удар? Можете да кажете што сакате, но најважно е што ние сме тука. Не сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите, а потоа да исчезнеме засекогаш. Мора да бидете постојано тука, седум или осум години. Сега е наш ред, исто како што можеше да ни дојде редот и пред две години. Ако претходно не сме ја освоиле Лигата на шампионите, значи дека противниците беа многу силни“, истакна Гвардиола.

Тој на шега го „предупреди“ Реал Мадрид кој има рекордни 14 титули европски трофеи.

„Сега ни делат само 13 трофеи во Лигата на шампионите од Реал. Само 13. Реал нека биде на готовс затоа што доаѓаме по нив! Ако спијат, ќе ги стигнеме. Шегата на страна, не можеме да се споредуваме со нив. Само што го освоивме првиот трофеј, но не сакам да исчезнеме по првиот. Мора да работиме напорно и да бидеме повторно тука следната сезона. Има тимови кои ја освојуваат Лигата на шампионите, а потоа исчезнуваат по една или две сезони. Тоа мора да го избегнеме. Знаејќи се себеси, тоа нема да ни се случи, но за клубот е големо олеснување што го освои овој трофеј, бидејќи сега нема да ме прашуваат дали ќе ја освоиме Лигата на шампионите. Сега ќе треба да најдат друго прашање“, изјави менаџерот на Манчестер Сити.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност