Утрински Весник
Македонија

Гужва на границите: за излез од државата на „Дојран“ и „Табановце“ се чека до 40 минути

Granica pasosh 1.jpg

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива по наместа влажни коловози, а намалeнa видливост поради магла има на планинските превои Ѓавато и Пресека.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат. Се апелира на внимателно возење и почитување на сообраќајните правила.

Во однос на границите, времето на чекање на граничниот премин „Дојран“ е 30 минути, а на ГП „Табановце“ за излез од земјава се чека 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Можете да прочитате

„Алтус НЗ“ со концерт во македонскиот КИЦ во Истанбул

Повикана Брза помош, на еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не му било добро

Загубите на вода во државата лани изнесувале 63,05 проценти