Утрински Весник
Култура

Гудачки квартети од Бетовен, Јаначек и Менделсон на репертоарот на „Охридско лето“

Гудачки квартети од Бетовен, Јаначек и Менделсон на репертоарот на „Охридско лето“

Гудачкиот квартет ,,Шуман“ ќе одржи целовечерен концерт на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. На програмата се гудачки квартети од композиторите Л. В. Бетовен, Л. Јаначек и Ф. Менделсон.

dobivaj vesti na viber

Тројцата браќа Марк, Ерик и Кен Шуман музицираат заедно од нивното најрано детство, а заедно со виолистот Фaит Хертенштајн го сочинуваат гудачкиот квартет „Шуман“. Овие четворица музичари имаат неверојатна моќ да комуницираат без зборови. Иако, нивните индивидуални квалитети се секогаш видливи, во нивниот заеднички настап тие се „единство“ кое се вклопува во еден вид духовна метаморфоза. Нивната отвореност за нови музички истражувања и исклучителна изведувачка љубопитност, членовите на квартетот веројатно им ја должат на луѓето од кои учеле како Еберхарт Фелц и квартетот „Албан Берг“ како и на оние со кои соработувале, на пример на Менахем Преслер.

Во својот уметнички развој, квартетот „Шуман“ веројатно ја достигнал фазата кога сѐ е возможно, а самите ќе речат дека за нив „музичкото дело вистински се развива само за време на изведба во живо“. Па така, со цел да внесат дополнителна енергија на концертите и да ја потврдат таа теза тие настапуваат заедно со ред исклучителни уметници како партнери на сцената. Тоа се: Шарон Кам, Фабијан Милер, Ана Лусија Рихтер, Ана Винитскаја и Јорг Видман…

Во актуелната сезона квартетот „Шуман“ оствари концертна турнеја во Сингапур и во Аделаида во Австралија и два пати настапи во амстердамскиот „Концертгебау“ и дури три пати во „Вигмор Хол“ во Лондон. Во април оваа година остварија Европска турнеја ( Брисел, Хамбург, Берлин, Женева …) на која заедно со пијанистката Ана Винитскаја го изведуваа Клавирскиот квинтет од Роберт Шуман.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“