Утрински Весник
Македонија

Група станари од Џевахир: Џевахир постојано сметано од денот на предавањето на зградите до денес, го помага функционирањето на зградите

76183909 2662605613969779 8954202321835786240 N

Во јавноста излезе веста дека во вторникот граѓани морале да одат до 40-ти спрат пешки затоа што немало електрична енергија, останале и без вода за пиење во прилог ви го пренесуваме текстот во целост од станарите на комплексот Џевахир скај сити

Почитувани,

Во изминатиот период во медиумите беше објавена информација за исклучени лифтови во кулата А и кулата Б во Џевахир Скај Сити, поради неплатени сметки за електрична енергија, при што комплексот Џевахир Скај Сити и компанијата Џевахир како носител на проектот беа наведени во негативна конотација, и на тој начин изложени на ризик за својата репутација, а ние како станари изложени на ризик за нашата инвестиција вложена при купувањето на становите.

Потенцираме дека снабдувањето со електрична енергија за лифтовите во зградите не беше исклучено. Дополнително, укажуваме дека во зградите постојат нерасчистени односи помеѓу станарите и компанијата Се Клуб која управува со зградите (а која нема никаква поврзаност со Џевахир) поради нередовна наплата и нередовно плаќање на месечните трошоци за одржување и сметки за електрична енергија, како и поради покачувањето на цената на електричната енергија сметано од јули 2022 година. Инаку, интензивно се работи на решавање на сите прашање и извесно е дека функционирањето со зградите ќе биде доведено во најдобар ред.

Од друга страна, Џевахир со изградата на кулата А заврши во 2017 година, а со изградбата на кулата Б заврши во 2018 година, кога и зградите како конечни објекти уредно беа примени од станарите, врз основа на валидно потпишани договори за уредување на заемни односи меѓу станарите и подготвени договори за управување со заедничките простории, што значи со целосно уреден систем на одржување на истите. Потоа Џевахир учествуваше во управувањето со зградите до крајот на 2019 година, до кога одржувањето на зградите функционираше речиси беспрекорно.

Кон крајот на 2019 година, управувањето на зградите беше предадено на посебна компанија за управување која немаше никаква поврзаност со Џевахир, врз основа на претходно спроведено интерно гласање на станарите. Сегашниот управител на зградите – компанијата Се Клуб Скопје која управува со зградите од февруари 2021 година е, исто така, компанија која е избрана од станарите во зградите и со работењето на оваа компанија Џевахир нема никаква врска.

Без оглед на ова, Џевахир постојано – сметано од денот на предавањето на зградите до денес, го помага функционирањето на зградите, и тоа како со техничка подршка преку своите вработени и опрема при адресирање на одредени технички прашања кои фирмите управители на зградите, поради комплексноста на истите, не можат самостојно да ги решат, така и со финансиска подршка на управителите на зградите за намирување на долгови на зградите креирани поради нередовна наплата и нередовно плаќање на сметките.

Со жал констатираме дека со изнесување во медиумите на паушални констатации извадени од контекс неправедно се причинува голема штета по целиот комплекс, на Џевахир како носител на проектот, и секако на нас станарите кои живееме во зградите и на нашите инвестиции во становите, што попречува овој уникатен проект да го покаже својот максимален капацитет со сите свои специфики.

Група станари од Кула А и Кула Б во Џевахир Скај Сити Скопје

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје